Стефанија Костадинова девојчето со кадифен глас

Стефанија Костадинова девојчето со кадифен глас го понесе епитетот најдобра или победник меѓу најмладите во третата сезона од македонското талент шоу Со 14 години пее како да е 20 години на сцена, ова беше најчестиот коментар на жирито  во изминативе 8 месеци за светиниколското девојче која со својата интерпретација задржува внимание и буди восхит. Таа е ученичка во ООУ ”  Св. Кирил и Методиј”, од септрмври ќе биде во деветто одделение. Нејзиниот талент за музика го препознал професорот по музика во училиштето, Тони Цветковски. Освен музика  таа има дарба за цртање и пишување поезија. Во сите нејзини настапи не потфрли во ниту еден круг.Честопати и болна, но со филигранска прецизност во интерпретацијата. Солзите во нејзините морско сини очи ја изнесоа на виделина среќата која ја чуствува Стефанија по победата. Благодарна на Господ за гласот, на родителите за поддршката,   на менторот за времето и едукацијата. Прекрасни беа сите деца, кои цела сезона со своите родители доаѓаа на снимање во ИН продукција. Воспитани, вредни, културни, деца кои зрдаво зреат и кои еден ден се надеваме ќе бидат вистински мајстори на својот занает. Ова шоу ги откри, ги зближи, ги направи поискусни и похрабри на сцена.Ова за сите нив е ново искуство на кое ќе се сеќаваат секогаш.Мали а големи, заради одговотноста која ја покажаа при своите настапи, заради професионалноста на сцена, заради поччитта кон својата музика. Имавме деца натпреварувачи и пеачи и инструменталисти. Најмалиот меѓу нив имаше само 8 години кога прв пат ја имаше својата изведба во студиото на ИН ТВ . ИН продукција во корелација со жири комисијата во состав м-р Лени Партикова, м-р Александар Ицов и д-р Гоце Џуклески  сите деца финалисти ги нарече со посебни епитети во зависност од вкупниот впечаток кој го оставија во текот на натпреварувањето. Па така беа прогласени со следните зборови:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*