Премиерно Борче Бегоски со “Глас ми даде Господе” оваа сабота на ИН ТВ

Премиерно Борче Бегоски со “Глас ми даде Господе” оваа сабота на ИН ТВ “Глас ми даде Господе” е првата песна која е создадена за Борче Бегоски кому ИН Продукција му додели специјална награда за најголем борец во втората сезона од шоуто. Бегоски учествуваше во двете сезони , а помеѓу нив се бореше со тешка болест, но не се откажа. Како што изјави Бегоски, во една прилика песната го водела, таа била неговата сила, низ се што поминал. Таква е и приказната во “Глас ми даде Господе” која ќе биде премиерно изведена во првата емисија од третата сезона. Автори се маестро Златко Миладиноски и водителката на шоуто Анита Даева која го напиша текстот. Песната наскоро ќе добие видео запис зад кој се потпишува Ин Продукција и Ване Петкоски. Сите кои ја следеа минатата сезона на македонското талент шоу знаат дека во финалето учествуваа 20 кандидати. ИН Продукција е организатор на ова македонското талент шоу а главен покровител компанијата ” Majestic Caravans” која ги обезбеди наградите за најдобрите според стручното жири .Најдобрите кои ги избра публиката како награди добија песни .

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*