Познатата инфлуенсерка и мејкап артист од Охрид Маја Миа пронајдена мртва во Африка

Популарната мејкап артистка и инфлуенсерка Маја Миа, по потекло од Охрид, била пронајдена мртва во Африка, јавуваат медиуми од црниот континент. Миа е родена во Македонија, но живеела во Танзанија повеќе од една деценија. Извештаите велат дека пред нејзината смрт таа живеела во Јужна Африка.

Засега не се наведуваат причините за смртта на Маја, иако има разни шпекулации во африканските медиуми. Сепак нејзината смрт засега е мистерија.

Маја Миа неодамна беше во центарот на вниманието на јавноста во нашата земја откако фотографии со неа објавија актуелни политичари, меѓу кои и министерот за надворешни работи Бујар Османи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче.

https://www.instagram.com/p/ClbKzdgMTCI/?utm_source=ig_embed&ig_rid=c06646ad-3ee4-43c9-bbf7-a780eb838ec0

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*