
(ВИДЕО) CKAНДАЛ ВО БЛАГОЕВГРАД: Се појави и Ангел Џамбаски! Мицкоски вербално нападнат – Полциијата интервенираше.
Видеото можете да го погледнете најдолу.

Текстот продолжува после рекламата.
Денеска и официјално во Благоевград, Бугарија беше отворен македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“.

На ова отварање присуствуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со пратениците Рашела Мизрахи и Драган Ковачки.
Тој денеска за медиумите порача дека се горди што се со Македонците од Бугарија и упати јасна порака:

– Денес сме тука да ги поддржиме Македонците од оваа страна на границата. И да испратиме јасна порака дека ние сме Македонци коишто зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија.
За разлика од опозицискиот лидер, Ковачевски како премиер на Република Македонија чиј културен центар се отвора во соседна Бугарија не присуствуваше на овој настан. Ист пример е и кај претседателот Пендаровски, кој пак во негово име го испрати генералниот секретар Миле Бошњаковски.

Пред споменикот на Гоце Делчев беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници, предавници”.
По отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград, делегации се упатија кон споменикот на Гоце Делчев каде сакаа да положат цвеќе, но беа оневозможени да го сторат тоа. Полициските службеници од безбедносни причини не дозволија да биде положено цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев каде беа собрани приврзаници на ВМРО-Бугарско национално движење предводени од Ангел Џамбаски кои извикуваа „предавници, предавници“.

На плоштадот се скандираше „Бугарите и Македонците се еден народ“, а се извикуваа и имињата на Гоце Делчев, Тодор Александров, Даме Груев, Ванчо Михајлов.

„Хероите не умираат“, извикува луѓето од групата, а полицијата ги раздвои двете групи да не дојде до контакт.
Зголемено полициско обезбедување имаше и за време на отворањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцарев”, а вербален инцидент се случи и меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и бугарски граѓанин кој го нарече Мицкоски „предавник“.


