КАЈ ЦРКВАТА „СВЕТИ НИКОЛА“: Гром усмрти 3 лица вечерва кои стоеле под големо дрво во центарот на Софија! (ФОТО)

Инцидентот се случил вечерва во центарот на Софија кога четири лица стоеле под големо дрво кое било погодено од гром. Кај тројца од нив е констатирана смрт на местото на настанот, а четвртиот се здобил со тешки повреди и е пренесен во болница.

Гром усмрти три лица во центарот на Софија. Во несреќата е повредено уште едно лице кое со тешки повреди е пренесено во болница. Според непотврдени информации загинатите се сириски државјани, а се на возраст од 20 до 30 години, јавува Бугарската национална телевизија (БНТ).

Инцидентот се случил вечерва во близина на црквата „Свети Никола“ во центарот на Софија кога четворицата стоеле под големо дрво кое било погодено од гром.

Брзата помош била повикана во 18:14 часот и пристигнала девет минути подоцна. Кај тројца од жртвите била констатирана смрт на местото на настанот.

Четвриот бил однесен во болницата „Пирогов“, на Ургентниот оддел. Оттаму потврдиле дека лицето е сириски државјанин на 26-27-годишна возраст. Во несреќата тој се здобил со околу 20 проценти изгореници на телото.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*