Orhan Rocky е по потекло од Битола а живее и работи во Мелбурн Австралија,Тој ова лето со своето семејство е на одмор во Македонија и одморот го искористи за да сними две свои авторски иструментални ора.
Гостин во неговите ора е познатиот хармоникаш Димитар Митровски ,аудиото е снимено во Прилеп кај композиторот Мендо Ташкоски а видеото е снимено во ИН продукција.
Деновиве двете ора ќе бидат прикажани на сателитската ИНТВ и неколку медиуми од Македонија.Инаку Орхан е член на Австралиската група Амадеус и често со негоовиот оркестар ги придружува Македонските изведувачи кога се на турнеја низ Австралија.


