Синоќа(10.7.2022 година) со почеток во 20часот пред камената бина во Прилеп се одржа вториот македонски фолк иселенички фестивал. На фестивалот настапија голем број на македонски изведувачи на народна музика кој живеат односно живееле во дијаспората(надвор од Република Македонија) меѓу кои се:Ордан Ристески Славка МладеновскаАлексо и Гашо ТришоскиДраган ДрагашПеце ДаскалоЗоран ВаневДаниел Кајмакоски и многу други…Организатор на овогодинешниот фестивал е Ордан Ристески кои на изведувачите наместо паричен надоместок им додели благодарници и ЦД со песни од неговиот најнов албум.Како гости на фестивалот беа поканети културното уметничко друштво “КУД Гоце Делчев “- Битола кој спонтано но убаво одиграа традиционални македонски ора во склоп со музиката и изведувачите(пеачите), исто така на фестивалот беа поканети и градоначалникот на општина Прилеп г-дин Борче Јовчески и советникот на општина Прилеп г-дин Дејан Проданоски. Интересно беше тоа што изведувачите заедно со публиката одиграа неколку традиционални ора.Атмосферата од фестивалот погледнете ја од фотографиите во продолжение. Репортажа: Христијан Ангелески


