На денешниот протест против Францускиот предлог и пртоколот со Бугарија пред Собранието на Р. Македонија, дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата.
Пред судирот, дел од протестантите фрла со предмети по собранието, пред кое полицијата со штитови го чуваше законодавниот дом. Во еден моемт, полицајците тргнаа во брз напад, при кој еден од полицајците, се затрча и од зад грб со нога удри граѓанин. Човекот падна на земја, а полицаецот побегна од местото.
МВР соопшти дека во инцидентот се повредени 30 полицајци, а сеуште не го потврдува бројот на приведени граѓани.


