ДАЛИ ЗНАЕТЕ … 21 Јуни e Ден на Охридското Езеро.

Во светот постојат само дваесеттина езера постари од 1 милион години од нив на Европскиот континент се наоѓаат две, Охридското и Преспанското Езеро, дом на повеќе од 1.200 видови. Според единица површина Охридското Езеро има убедливо највисок индекс на биодиверзитет од сите езера на светот, над 200 од тие видови се ендемски, ги нема на ниту едно друго место. Охридското езеро е музеј на живи фосили, древни видови кои во неговите води постојат над 2 милиони години и кои се бесценет извор за научни истражувања на еволуцијата на видовите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*