АВСТРАЛИСКИОТ РЕЖИСЕР ГОРАН СТОЛЕВСКИ ОД МАКЕДОНИЈА

Од анонимност во светот на филмот во далечна Австралија, филмскиот режисер Горан Столевски денес е насекаде присутен. Горан Столевски е Македонец, роден во Македонија во 1986 година, израснат во Мелбурн. Во Австралија пристигнува на девет годишна возраст со своите родители, таму учи, студира, твори и работи.Своето режисерско деби во Австралија годинава, Горан Столевски го оствари со долгометражниот филм “Нема да бидеш сам“, снимен во Србија. Откако претходно ја одбил понудата на холивудската дистрибутивна кјуќа “Холивуд Фокус Фејчерс“ од 3 милиони американски долари, за овој филм, Горан Столевски за филмот “Нема да бидеш сам“ доби признание на Филмскиот фестивал во Сиднеј. Филмските критичари за филмот на Горан Столевски како за ретко кој друг филм се изразија како “диво оригинален“ и “воодушевувачки“.Горан Столевски ќе учествува и на годинашниот Меѓународен филмски фестивал во Мелбурн, кој ќе биде отворен во август со неговиот филм “Вон возраст“ (Of an Age) снимен во североисточното предградие на градот Меклеод.Горан Столевски сега во Скопје, Македонија, го снима својот трет филм “Домаќинки за почетници“ (Housekeeping for Beginners). Горан Столевски отсега зборува за следните два филма кои сака да ги сними, а за кои напишал речиси 13 сценарија.“Веќе 20 години се подготвувам за успех преку ноќ. Долго време бев невработен, се борев како филмски режисер“, вели Горан Столевски на повикот на Зум од Скопје, збунет од она што му се случува во Австралија.Откако реши да стане филмски режисер во 11-тата година на колеџот Меклеод, Горан Столевски сними 25 кратки филмови на 10 јазици, истовремено пишуваше сценарија за играни филмови. Горан Столевски вели дека му биле потребни “35 години многу тежок живот“ да го направи својот прв филм, не сакал да импровизира. “Ме водеше идејата да имам дела, филмови кои ќе останат и по мене, после мојот живот“, вели Горан Столевски.Досега ги режирал филмовите: “Амбасадор“ (2007), “Крв“ и “Слика од добра жена“ (2008), “Големото срце на Френки“ (2012), “Денес не е денот“ (2015), “Ти заслужи се’“ (2016), “Се’ што посака“ и “Дали би погледнал во неа“ (2017), “Моето момче Олег“ (2018), “Нема да останеш сам“ (2022), “Вон возраст“ и “Ќе ме сакаш“ (2022).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*