Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, најави дека е можно Ламбе Алабаковски да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“, откако вчера градскиот татко соопшти дека е откажан планираниот настап на српската пејачка Јелена Карлеуша, по големиот број негативни реакции од кавадарчани на социјалните мрежи.
Ламбе Алабаковски оваа недела беше пуштен од домашен притвор, кој му беше одреден откако беше уапсен за потпалувањето на влезот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ во Битола.



