Путин создава геополитички проект кој ја прекинува доминацијата на Америка и ЕУ, пишуваат руските медиуми.
Идејата на Владимир Путин за создавање „Голема Евроазија“ е геополитички проект.
Тоа значи дека Русија ќе ги преориентира своите политички и економски приоритети, а акцентот ќе биде ставен на зајакнување на соработката со азиските земји.
Ова може да го означи и крајот на англосаксонската хегемонија.
Членките на БРИКС, поточно Кина и Индија, како и други земји, го поддржаа формирањето на Големиот евроазиски простор.
Интерес за оваа иницијатива покажуваат и Шангајската организација за соработка (SCO), Асоцијацијата на нациите од Југоисточна Азија и други организации.



