Наставник од струмичко извршил полов напад врз ученичка

Сексуалното насилство започнало кога наставник од струмичко преку социјалните мрежи испраќал пораки со експлицитна сексуална содржина на ученичка која немала наполнето 14 години.

Ова траело од октомври 2020 година до овој месец. Но неговите напади не завршиле само преку социјални мрежи туку и физички ја нападнал.

Искористувајќи прилика кога останале сами во спортската сала на училиштето, тој во два наврати извршил и други полови дејствија, допирајќи ја и бакнувајќи ја оштетената, пишува во соопштението на обвинителството кое отвори истрага.

Се работи за 40 годишен наставник за кој обвинителството веќе побарало притвор, а судот му одредил 30 денови зад решетки.

Предлогот за определување мерка притвор, обвинителството вели е бидејќи постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоци или да го повтори делото.

Осомничениот се гони за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 став 1 од Кривичниот законик, за кое е предвидена казна затвор од најмалку 12 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*