AЗОВСТАЛ ГО НАПУШТИЈА СО БЕЛИ ЗНАМИЊА: По цивилите и украинските војници ја напуштаат челичарницата

По последната група цивили, жени, деца и старци, вчера со бело знаме во рацете група украински војници излегле од фабриката за челик Азовстал во Мариупол и се предадле на руските воени сили, јавуваат медиумите во Русија.

Дошле на излезот, како што претходно било договорено со претставниците на Меѓународниот Црвен крст.

Веста ја потврдија и безбедносните структури на Доњецката Народна Република (ДНР, и украинските власти.

Досега повеќе од 300 цивили се спасени од опколената фабрика за челик Азовстал, рече претседателот Владимир Зеленски во своето ноќно обраќање.

Тоа го означи крајот на првата фаза од евакуацијата, која започна пред нешто повеќе од една недела.

– Благодарен сум на тимовите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации што ни помогнаа да ја спроведеме првата фаза од евакуацијата од Азовстал. Спасени се повеќе од 300 луѓе, жени и деца. Властите сега се подготвуваат за втората фаза од евакуацијата на ранетите, медицинските работници и армијата, рече тој.ФОТО: EPA/ALESSANDRO GUERRA

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*