Германски Фокус: НАТО ЕДИНИЦИ ВЕЌЕ „ОПЕРИРААТ“ низ Украина

Воени елитни единици на НАТО ја поддржуваат Украина во борбата против руската армија, тврди германскиот магазин Фокус.

Специјалци од Велика Британија и САД ги обучуваат украинските војници, меѓу другото, за употреба на 3.600 современи противтенковски оружја. Ги обучуваат и да бидат саботери и со нив вежбаат партизански борбени техники.

Британците се најбројни во тимот за обука на Украинците со повеќе од 100 елитни војници на специјалната единица САС. Тие војници се во Украина од 2014 година, откако Русија го анектираше Крим. Тие обучуваат професионална украинска армија и доброволци. Во Украина се и членови на британската поморска специјална единица СБС, како и специјални извидници на единицата СРР.

И САД испратиле свои специјални сили во Украина – Зелените беретки тренираат Украинци во градска урбана борба, а „Неви Силс“ тренираат на стар полигон на западот од земјата. Европската команда во Штутгарт била задолжена за координирање на активностите на американските специјални сили.

Исто така, британските и американските елитни војници имаат една посебна задача, за која се задолжени единиците стационирани во Литванија, а тоа е да го евакуираат украинскиот претседател Володимир Зеленски доколку е потребно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*