Јотова: НЕМА ПРИЧИНА ДА ГО УКИНЕМЕ ВЕТОТО, има 5 услови за Македонија

Бугарија не гледа причина да го тргне ветото за Македонија за датум за почеток на преговори со Европската Унија, смета потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова.

Потпретседателката на Бугарија истакна дека указите за бугарско државјанство издадени на луѓе од Северна Македонија само од 2007 година наваму се 85.000.

-Овие луѓе со документи го докажале своето бугарско потекло. Во таа насока, таа го коментираше пописот во Македонија, според кој само 3.500 лица се регистрирани како Бугари во земјава, а резултатите се уште не се излезени во странство, рече таа во интервју за емисијата „Брисел 1“ на Bulgaria ON AIR по нејзината посета на Битола и Охрид пред неколку дена.

„Бугарија има 5 услови за РСМ, кои се поставени одамна, дури и кога стана јасно дека ништо не е сменето од потпишувањето на Договорот за добрососедство. Има 18 состаноци на Заедничката историска комисија и нема ниту една наредба да се менуваат текстовите во учебниците во РСМ“, изјави Јотова.

„Неодамна буквално беше скршен споменик на бугарски офицер. Неколку пати беше кршен, неколку пати беше исмејуван. Во 1903 година беше повикан во Македонија да помогне во борбата против Турците, тој беше убиен од Турците“, додаде таа.

Јотова ќе изрази категоричен став кога ќе бидат објавени резултатите од пописот во Северна Македонија. Во оваа фаза таа не гледа причина да го признае пописот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*