Силен земјотрес вечерва ја потресе Босна и Херцеговина.
Според првите информации, јачината е 6,0, а епицентарот бил на 15 километри од Столац.
Земјотресот погоди многу градови во Босна и Херцеговина, а се осети и во регионот.
„Од силината на земјотресот се се тресеше речиси една минута“, велат граѓаните.
Граѓаните пак, кои живеат на горните катови известуваат дека работите паѓале врз нив.



