Бил нападнат од 7-8 души кои биле вооружени со пушки и најверојатно биле од неврокопската чета на ВМРО, еден од нив го заобиколил и кукавички го застрелал во грб. Во негова чест, денес здруженијата на Македонци во Бугарија ќе положат цвеќе на неговиот гроб.————————————— ,,Бугарските шовинисти решија да го ликвидираат бидејќи неговите проповеди не им одеа во прилог, зошто тој се противеше на присоединувањето на Македонија кон Бугарија.Тој го спречуваше населението на Македонија да се смета себеси за бугарско и култивираше македонска национална свест.” (Елефтериос Ставридис)- Некаква историја пишуваат оние револуционери (врховистите од Софија) и не се срамат да прескокнат цели настани само поради тоа што треба да го спомнат омразеното име на палачот Јане Сандански. Тој не постои за нивната историја. Епохата и борбите, кои ги создаде тој заедно со своите приврзеници, исто така не постојат. Населението кое како бог го сакаше својот старик и трчаше по него и неговите другари со занес и во голем број како што ретко голем општествен деец можел да собере околу себе и да го приврзе за себе, за револуционерните историчари исто така не постои. Неговиот надгробен крст го гледаме исправен и во самата историја.” (Димо Хаџи Димов, Ангел Динев)- Сандански е челник во борбата за самостојна и независна македонска држава, противник на туѓите посегања врз Македонија и особено против државниот врв на Бугарија на чело со Фердинанд, претставува кулминација на драмата што ја доживувало македонското национално и ослободително движење по Илинденското востание. Истовремено тоа е почетокот на личната и колективна трагедија на ветераните на Делчевата ТМОРО. ( Иван Катарџиев)
На 22 април 1915 година е убиен големиот македонски револуционер, Јане Сандански
Три дена Фрлaлe кaмeња и истурaле нeпознaта тeчност – Десетина возила оштeтeтени на обикoлницата во Битола
Десетина автомобили се оштетени од каменување и истурање течност врз нив во последните три дена додека возеле на обиколницата над […]
Атина Апостолова, доајенот на македонската народна музика, денеска е пронајдена почината во својот дом, при што била повикана брза помош и полиција
Веста за нејзината смрт ја објави пејачката Вики Среброва, како и сестрата на Апостолова. Атина Апостолова е родена на 20 […]
Пpaтeник вo Велика Британија избoдeн co нoж зa вpeмe нa cocтaнoк
Британскиот пратеник од владејачката Конзервативна партија, Дејвид Ејмс (69) денеска бил прободен неколку пати за време на состанок на локалниот […]
ДАЛИ ФИЛИПЧЕ ЌЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА,НАЈАВИ ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ВО 17:30 ЧАСОТ?!
Владата информира дека денеска со почеток во 17:30 часот, прес-конференција ќе одржи министерот за здравство Венко Филипче. Прес-конференцијата ќе може […]