По повлекувањето на руските трупи од северна Украина, најногу од областа околу главниот град Киев и градот Суми, две недели се во тек прегрупирања на руските сили и подготовки за офанзива врз најсилниот дел од украинската армија кој е сконцентриран во областите на Харков, Доњецк и Луганск во силни утврдувања и со моќно и современо оружје.
По застојот на воените операции во северна Украина, и за потребите на големата битка на јужниот фронт на Украина, Русија изврши и смени во армиското раководство, па за врховен командант на инвазијата во Украина го назначи генералот Александар Дворников, поранешен командант на руските воени сили во Сирија.
Британскиот БиБиСи пренесува изјави од британското министерство за одбрана според кои ова ќе бид голема битка која ќе трае најмалку неколку недели како битките во Втората светска војна, со маневри, промени на позции и тактики, а руската страна според нив ќе ги употреби своите најмоќни оружја за, според Британското министерство за одбрама, да ја добие битката до 9. Мај кога во Москва традиционлано се слави Денот на победата на фашизмот.
