Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, на својот канал на Телеграм објави снимки од заробени украински војници.
Ситуацијата за бандите не е најзавидна – немаат поддршка, им снемува храна и муниција. Затоа, тие избраа друга тактика – да бегаат во женска и друга цивилна облека – коментира Кадиров за ситуацијата во Украина.
Кадиров вели дека секој „храбар и искрен украински војник го осудува украинското водство, им се извинува и на Русите и на Украинците за национаистичките активности“ и затоа ги повикува да се предадат и да го положат оружјето.
Кај нас никој никогаш не пука во делови од тело, злоупотребува или убива. Ние сме против такви садистички методи – истакнува Кадиров и на крајот додаде дека Чеченците“ барем од земја ќе ги добијат сите „бандера ѓубриња“.https://www.youtube.com/watch?v=jLanNvQqBrM

