Русија и Кина ќе воспостават „фер светски поредок“соопшти министерот за надворешни рабри на Руската федерација, Сергеј Лавров.
Министрите за надворешни работи на Русија и Кина, Сергеј Лавров и Ванг Ји се состанаа во градот Тункси за да разговараат за целите на нивните земји да воспостават мултиполарен, фер и демократски светски поредок.
Ванг верува дека економските санкции едноставно ја нарушуваат светската трговија и не помагаат во решавањето на конфликтот, изјавувајќи претходно овој месец дека односите на Кина со Русија се „еден од најважните билатерални односи во светот“ и го поздрави пријателството меѓу двете држави кое како што соопшти тој е силно како „железо. ”
Тункси, исто така, ќе биде домаќин на самитот за Авганистан во кој ќе учествуваат Русија, САД и Пакистан во четврток.

