Кремљ пренесе детали од разговорот меѓу Путин и Макрон, еве што известуваат:
Претседателите разговараа за ситуацијата во Украина, имајќи ги предвид преговорите во Истанбул, а особено внимание посветија на хуманитарните прашања. Путин го информирал Макрон за мерките за обезбедување хуманитарна помош и евакуација на цивили, вклучувајќи ја и евакуацијата од Мариопол.
Рускиот лидер истакна дека за да се реши тешката хуманитарна ситуација во Мариупол, неопходно е националистичките милитанти да го положат оружјето. Путин и Макрон разговараа и за транзицијата кон плаќање за снабдување со гас во рубли.


