Американскиот гас, за кој Европа најави дека ќе се увезува како замена за рускиот гас, ќе чини повеќе, бидејќи се користи покомплицирана и поскапа технологија за испорака на гас од САД, изјави уредничката на порталот „Балкан енерџи“, Јелица Путниковиќ.
Таа објасни дека гасот кој пристигнува со цистерни од Америка, Катар или некој друг продавач е поскап од гасот кој пристигнува со гасоводи.
Тоа е едноставно поскапа технологија. Прво, гасот мора да се префрли во течна состојба, потоа да се транспортира, патувањето да трае, а кога ќе стигне до некое пристаниште во Европа, да се врати во гасна состојба – истакна Путнковиќ.
На прашањето дали САД ќе имаат 15 милијарди кубни метри гас за Европа до крајот на оваа година, каков е договорот, Путниковиќ рече дека сега прашање е колку Џо Бајден има потврда од американските компании, кои веќе имаат договорено продажба на нивната енергија и дали ќе можат толку брзо да го зголемат производството.
Тој наведува и дека прашање е дали азиските земји ќе понудат подобри цени поради зголемената побарувачка на енергенси во светот, а особено во Азија и без кризата во Украина.
Ниту една приватна компанија нема да му продаде на ниту еден европски купувач поевтино ако може поскапо да го продаде тој гас во Азија – рече Путниковиќ.
Запрашан дали тоа ќе биде проблем затоа што рускиот претседател Владимир Путин сега бара гасот да се плаќа во рубљи, Путниковиќ потсети дека Иран постојано се соочува со одредени санкции поради неговата нуклеарна програма и дека некои земји ја купувале неговата нафта и плаќале во злато.
Ако некој сака да купи стока, ќе најде начин да ја заврши трансакцијата и тоа не треба да биде проблем – смета Путниковиќ.


