АНТИКОРУПЦИСКА: ТУПАНЧЕВСКИ, ФЕТАИ И НАНЕВ САМИ ДА КАЖАТ КОЈ ИМ ПЛАТИЛ ПАТУВАЊЕ ВО ПАЛЕРМО?

Кој им обезбеди места на министерот за правда, Никола Тупанчевски, обвинителката Фатиме Фетаи и претседателот на основниот суд во Кавадарци, Лазар Нанев во ложата на вчерашниот меч Италија – Македонија?

По голот на Александар Трајковски во 92-та минута, во кадар се појави „правната торјка“, која не одговори на нашите повици, ниту на СМС пораките – кој им го обезбеди местото и престојот.

ТВ 24 го контактираше и портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија, Златко Андоновски, со прашање дали федерацијата им ги овозможила местата во ложата на Тупанчевски, Нанев и Фетаи. Тој вели – засега нема да коментираат.

„Ви благодарам што се грижите за гостите, но засега немам никаков коментар во врска со тоа. Сега сме фокусирани на мечот со Португалија.“ – изјави Златко Андоновски – портпарол на ФФМ.

Антикорупциската комисија пак, вели – Министерот, обвинителката и судијата сами да си кажат кој им ги подмири трошоците за патувањето. 

„Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување. Повикуваме министерот за правда, Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, сами да кажат кој им ги плати билетите и патувањето.“ – велат од Државна комисија за спречување на корупцијата.

Во отсуство на коментар од Тупанчевски, Фетаи и Нанев, не се знае дали на вчерашниот натпревар, заминале сами, службено или пак преку ФФМ. Антикорупционерите предупредуваат – Доколку се работи за подарок, тие ги прекршиле етичките кодекси на владата, обвинителите и судиите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*