(ВИДЕО) Азов му се заканиле на Зеленски! Екс американски разузнавач: Западот обучуваше украински симпатизери на неонацизам

Поранешниот разузнавач на Маринскиот корпус, Скот Ритер тврди дека американската војска обучувала симпатизери на неонацизам во Украина, и со тоа се придонело за за нивното ширење во државните агенции.

Ритер пред новинарот Џорџ Галовеј изјави дека американската, британската и канадската армија обучувале такви групи поврзани со баталјонот Азов во Украина, кои подоцна ја презеле власта во земјата.

Ритер употреби тешки обвинувања велејќи дека странски воени единици на САД и земјите од Европската унија ја посетиле Украина наводно со цел да формираат екстремистички групи, а потоа го собориле избраниот легитимен претседател на земјата, следејќи ја политиката на насилство и заплашување на населението.

Поранешниот офицер додаде дека влијанието на овие симпатизери на неонацизмот во Украина станале толку моќни што му се заканувале на поранешниот украински претседател Петро Порошенко, кој според него наводно бил подготвен да го признае специјалниот статус на Донбас во 2015 година. Но како што рече заканите со убиство доколку го стори тоа, го предомислиле

https://www.youtube.com/watch?v=nWcGTRHqONI&ab_channel=yvonnelee

Ритер тврди дека слична судбина би го снашла актуелниот претседател Володимир Зеленски доколку тој не ги поддржал екстремистичките групи кои им се приклучиле на украинските сили и не им дал одврзани раце.

– Ако се сеќавате, Зеленски ги посети првите линии кај Донбас и го посети баталјонот Азов. Кога им рекол да се разоружаат, тие му се смееле во лице“, рече тој.

Според него тие и на Зеленски во тој момент му се заканиле со убиство доколку го потпише договорот од Минск.

Според Ритер Зеленски кога им рекол „Јас сум претседател на Украина“ им рекол тој, тие му возвратиле „Ќути да не те нашамариме“

„Тоа е контролата што ја имаат овие луѓе. Требаше да бидат распуштени, уапсени, убиени, но наместо тоа беа интегрирани во армијата и унапредени во највисоките воени чинови, па неонацистите ги има насекаде“ – објасни поранешниот американски разузнавач.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*