УКРАИНА ЌЕ КАПИТУЛИРА И ЌЕ ПОСТИГНЕ МИРОВЕН ДОГОВОР СО РУСИЈА!

Пишува Дарко ТОДОРОВСКИЗа сите “воени аналитичари и генерали“ на фејсбук околу војната на Украина: Реалната војна не е како во компјутерските игри…Во зависност од плановите и барањата на политичките елити, Генералштабот и на Русија и на Украина имаат разработено Генерален воен план, со различни стратегии и тактики. Во зависност од ситуацијата на терен, тие планови, стратегии и тактики се адаптираат, затоа што секоја војна си има свој тек, независно од Генералниот план.Украина по територија е најголема држава во Европа, со исклучок на Русија. Пред војната, регуларната Украинска Армија броеше 240.000 војници, таа е трета најголема Армија во Европа после Русија и Турција. Плус 130.000 припадници на Националната гарда и Полицијата. Плус мобилизацијата пред војната. Плус неколку илјади за сервисирање на различна воена техника. Украина 8 години се подготвуваше за оваа војна. Армијата беше организирана според НАТО-стандардите, војниците беа обучувани според НАТО-стандардите од НАТО-инструктори.Украина од почетокот на војната добива разузнавачки информации во реално време од страна на САД и НАТО.Украина избра герилска тактика.Пред почетокот на војната, Русија околу Украина имаше распоредено околу 215.000 војници, плус неколку илјади за сервисирање на различна воена техника.Факт е дека на почетокот на војната, поради погрешна политика и мислење на Кремљ, и покрај предупредувањата од Рускиот Генералштаб, беше избрана мека тактика, со надеж дека Украинската Армија нема да пружа сериозен отпор, но и да се избегне борба во градовите и урбаните средини. После првите дена, тактиката е променета и преминато е кон користење на целата огнена моќ за уништување на противникот.Околу Донбас, Украина за 8 години изгради три линии на одбрана. Исто и околу Крим и околу Харков. И покрај тоа, и покрај жестоката одбрана, пробиени се сите три линии на одбраната. На фронтот околу Донбас, каде пред војната беа распоредени 120.000 украински војници, пробиени се линиите на одбраната, исто и кај Луганск и кај Доњецк и кај Мариупол. Мариупол е опкружен и во тек е чистење на градот. Во котел се 14.500 припадници на нацистичката група АЗОВ, како и украински војници. Руската Армија, заедно со Армијата на Донбас, од Исток, Север и од Југ го опкружува конгломератот Славјанск-Краматорск каде се наоѓаат повеќе од 30.000 украински војници. Харков, Чернигов и Суми се блокирани, исто и Киев.Русија денес делумно ја користи стратегијата и тактиката од “Операцијата Багратион“ во Втората Светска Војна од страна на Советскиот Сојуз. Се работи за продор во позадината на линиите на противникот од страна на ударните клинови и механизираните единици, нивно опкружување, разделување на повеќе мали котлови и систематско уништување на противникот.Главниот товар во оваа војна е на ракетните и артилериските единици на Руската Армија, плус на пешадијата и во помал обем на авијацијата. Факт е дека руското воено разузнавање работи перфектно.Русија води безконтактна војна против Украина. До денес, уништени се околу 4.000 воени објекти. Од пред неколку денови, Русија пристапи кон систематско уништување на украинската воена индустрија и на критички важната инфраструктура и индустрија.Украинската Армија повеќе не постои како организирана армија. Дневно, Украина има по над 1.000 загинати војници. 70% од артилеријата им е уништена, 80% од авијацијата исто така. 50% од тешката техника е уништена, а Украинската Флота повеќе не постои. На Источниот фронт, Украинската Армија се соочува со недостаток на гориво, муниција, моторни масла, ремонт на техниката, а основните Вооружени сили се десеткувани и се преморени. Во наредните 5 до 10 дена, Украина со голема веројатност ќе капитулира и ќе се постигне мировен договор. Но, голема е веројатноста, Украина да не постои повеќе во границите до пред војната. Плус Украина ќе потпише документ за воена неутралност!Чисто информативно, на САД и Велика Британија во 2003 година им беа потребни 14 дена да стигнат до Багдад. На Азербејџан во 2021 година му требаше повеќе од еден месец за воено да ја победи Ерменија. На моќната Турска Армија во 2018 година и требаа повеќе од два месеци да се справи со Курдите на Северот на Сирија, во кантонот Африн. Во 2017 година на Турција и’ требаше скоро половина година да го освои малиот град Ал Баб во Сирија, кој беше под контрола на ИГИЛ. Битката против ИГИЛ за Мосул во 2016 година траеше 8 месеци и покрај воената надмоќ на САД, НАТО и Ирачката Армија против ИГИЛ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*