Кој си игра мајтап со угостителите, гостите не можат да одат во WC ако немаат сертификат!

Новата предлог-мерка од Комисијата за заразни болести за укинување на сертификатите само за престој во отворениот дел од угостителските објекти ги налути угостителите, кои ваквата мерка ја нарекоа „играње мајтап“! – На гостите нема да им треба сертификат за посета на отворените тераси на угостителските објекти, но при потреба од посета на тоалет во внатрешноста на ресторанот, ќе треба да приложат валиден сертификат, што е нелогично. Исто така, дискутабилно е што се подразбира под отворен дел, дали тераса отворена од две или три страни или целосно отворена. Сето ова создава забуна , вели за весникот ВЕЧЕР, Здравко Јосифовски, претседател на Независна угостителска комора

Новата предлог-мерка од Комисијата за заразни болести за укинување на сертификатите само за престој во отворениот дел од угостителските објекти ги налути угостителите, кои ваквата мерка ја нарекоа „играње мајтап“! Тие сè уште не можат да разберат зошто уште се бараат сертификати во затворениот дел на угостителските објекти кога европските земји одамна ги укинаа, а Светската туристичка организација препорача да се исфрлат од употреба. Со новите предлози Комисијата наместо да им помогне на угостителите и гостите полека да се враќаат во нормала тие само создаваат дополнителна агонија и проблеми без никаква причина и оправдување.

Угостителите не се задоволни од ваквата одлука, бидејќи повеќе фактори одеа во прилог на тоа дека Комисијата ќе ја тргне обврската за задолжително поседување на сертификат и за внатрешниот дел на рестораните, кафеаните, кафулињата…

– На гостите нема да им треба сертификат за посета на отворените тераси на угостителските објекти, но при потреба од посета на тоалет во внатрешноста на ресторанот, ќе треба да приложат валиден сертификат, што е нелогично. Исто така, дискутабилно е што се подразбира под отворен дел, дали тераса отворена од две или три страни или целосно отворена. Сето ова создава забуна и кај инспекторите, што тие всушност треба да проверуваат, односно каде што точно седат гостите. Друга нелогичност е што при влез во молови не се бара сертификат, а за посета на рестораните и кафулињата кои се наоѓаат внатре во моловите гостите треба да посетуваат сертификат, вели за весникот ВЕЧЕР, Здравко Јосифовски, претседател на Независна угостителска комора.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*