Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да влезе во НАТО

Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влезот на Украина во НАТО. 

-Вчера повторно разговарав со Владимир и секако разбирам што кажа за НАТО и реалноста на сегашната позиција. Сите отсекогаш велеле, а ние јасно му ставивме до знаење на Путин, дека нема шанси Украина наскоро да влезе во НАТО, додаде тој. Сепак, како што рече, конечната одлука за влез во НАТО е на Украина и нејзиниот избран претседател и дека Британија ќе ја поддржи Украина, каква и да е таа одлука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*