Зошто цената на нафтата останува иста, кога падна на берзата во Светот

Како што пренесува Ројтерс, Украина и Русија денеска имаат нова рунда преговори по војната која почна на 24 февруари, а цените на барел нафта паднаа за околу пет долари.

Иако цената на берзата падна од 108,05 долари до 103,88 долари за барел нафта, сепак Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска нема да носи одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати.

Како што велат од РКЕ, денеска нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.

Со тоа денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*