КОМЕНТАРИ(ВИДЕО) Бислимовски ги навреди граѓаните: „Појма немаат во животот“, а тие му вратија: „Неаме појма зошто те плаќаме“

Претседателот на Регулаторната енергетска комисија Марко Бислимоски грубо ги навреди граѓаните кои реагираат поради скоро секојдневните поскапувања на цената на горивата. Тој рече: „Како што кажавте и вие, ние сме земја со најголем број на експерти на Фејсбук по глава на жител. А во реалноста, тоа се експерти по ништо. Појма немаат во животот“, изјави Бислимовски во разговор со Слободен Печат.

На ова возврати Божидар Божиновски, сценарист и критичар.

„Вака малку Бисимиловски, од граѓанин кој нема појма од животот. Експерт на Фејсбук не носи никаква одговорност, не е платена функција од државата и не зависи ништо од статуси. За разлика од тоа главен на Регулаторна го плаќаме ние шо немаме појма, работејќи работи за кои немаме појма и стварно немам појма зошто и плаќаме уште даноци на ваква држава, а со тоа и илјадници ликови ко тебе шо имате појма. Сигурно би се снашле и без државни плати?“

https://twitter.com/i/status/1502575577089429504

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*