5.000 денари помалку: Власта ги скратува парите и за починат пензионер

Сојузот на здруженијата на пензионерите објави дека почнувајќи од февруари, средствата што се доделуваат од солидарниот фонд – посмртна помош, попознати како посмртнина, се намалуваат за 5.000 денари, односно од 30.000 на 25.000.

Оваа одлука е објавена во „Службен весник“, а образложението е дека нема доволно средства бидејќи бројот на починати пензионери расте поради пандемијата на ковид 19.

Во овој момент, информираат од Сојузот, за исплата чекаат над 4.100 лица, а времето на чекање е околу четири месеци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*