Македонци сами се спасуваат од кризните зони – велат дека помошта доцни

Антонио Стојанов и покрај големиот ризик успеал со своето семејство да го напушти Киев и веќе е на пат кон Македонија. 

Без ничија помош со десетици препреки од воени коридори заминале од Украина. Патуваат преку Молдавија, Романија каде со часови чекале на граничните премини. За Сител вели веќе  два дена трае нивното патешествие. Од МНР не добиле конкретна помош па се решиле сами да го преземат ризикот, по нив тргнало уште едно македонско семејство. 

Стојанов вели во украинската престолнина останале уште Македонци кои пред се поради тоа што немаат автомобил не успеале да заминат. Секој ден станува се потешко а тој сведочи и за заглавени мајки со деца на меѓуграничните простори кои со денови не можат да ја напуштат земјата. 

Министерот Османи во изјава за медиумите тврди дека преземале обврска да евакуираат уште 77 државјани но околностите станувале се потешки. Во земјава изутрината пристигнало семејството со новороденчето. Османи вели дека уште седум граѓан се во активна евакуација од Украина а тие како МНР се мобилизираат за да испратат и транспортни комбиња. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*