Полска се откажа од планот да им дозволи на украинските ловци да напаѓаат од нејзините бази

Полска денес соопшти дека нема да дозволи нејзината територија да се користи за напади врз руските сили во Украина, а претпоставува дека и најавената голема пратка на борбени летала за Украина ќе биде откажана.

Првичните информации беа дека членки на ЕУ, пред се Полска но и Словачка и Бугарија и други држави, ќе и дадат борбени летала на Украина да се брани од Русија. Најавени беа над 50 ловци и тактички летала од руско производство, како и дека украински пилоти се веќе во Полска да ги преземат леталата. Но, по извесните најави дека руското воено воздухопловство ќе ги собори леталата на пат кон Украина, се прошири информацијата дека Полска ќе дозволи украинската армија да користи нејзини воздухопловни бази за напади. Ова секако би ги направило полските бази легитимни цели за руската авијација и би можело да доведе до отворен судир меѓу Русија и САД, односно НАТО.

Политико денес јави дека Полска и Словачка се откажале од планот да и дадат летала на Украина, а Бугарија ова го демантираше уште вчера. Полски медиуми јавуваат дека планот да и се дадат летала на Украина се уште е на сила, но дека полските власти нема да дозволат тие да полетаат од нивните аеродроми. Полска е најблизок сојузник на украинските власти во Европа и обезбеди големо количество на воена опрема за Украина – пратките кои доаѓаат и од другите европски држави, како и од САД, Британија, Канада и Турција главно се дотураат преку полската граница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*