НАЈНОВА ВЕСТ: Белоруската војска доцна вечерва се движи кон украинската граница

Uncategorized

Одделни единици од составот на борбено најподготвените формации на вооружените сили на Белорусија почнаа да се движат кон државната граница на Украина, се наведува во вечерва објавениот извештај на Генералштабот на украинската армија.

Се прецизира дека белоруски трупи се движат кон границата со Волинската област на северозапад од Украина.

Во соопштението се наведува и дека територијата на Белорусија сѐ уште се користи за борбени задачи на армијата, оперативно-тактичката и специјалната авијација на вооружените сили на Руската Федерација за извршување задачи на територијата на Украина, пренесува украинската агенција УНИАН.

Генералштабот додава дека руските војници во текот на денот прегрупирале и складирале оклопни возила и ракетно и артилериско оружје во одредени области, пред се со цел да го опколат и заземат Киев и големите украински градови, особено Харков, Чернигов, Одеса, Херсон и Мариупол.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *