Припадниците на украинските гранични служби ги напуштија своите позиции, а некои одбиваат да продолжат да и служат на Украина, соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ).
Најпрвин група од 26 војници од областа Брјанск ги напуштила своите позиции, по што истото го сторила друга група од 16 граничари од контролниот пункт на Крим Џанко.
Според последните податоци, сите припадници на украинската гранична служба ги напуштиле позициите до 13 часот по локално време.
Русија рано утринава започна специјална воена операција во Донбас. Украина прогласи воена состојба и ги прекина дипломатските односи со Москва. НАТО најави и дека ќе распореди дополнителни одбранбени сили во источниот правец. Експлозии се слушаат низ целата земја.
Ситуацијата на контактната линија во Донбас ескалираше утрото на 17 февруари. Самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск најавија најинтензивно гранатирање од Украина во последните месеци. Во петокот, на 18 февруари, водачите на ЛНР и ДНР, Леонид Пашечник и Денис Пушилин, најавија евакуација на жителите на републиките во Русија поради зголемената закана од борбени операции.

