Украинските власти му потврдија на весникот Вол Стрит Журнал дека стотици нивни војници веќе загинале во руските воздушни и артилериски напади.
Од утринава, Русија ги бомбардира украинските воени бази низ целата Украина, откако претседателот Путин најави воена операција во областите Доњецк и Луганск.
Од украинска страна велат дека собориле неколку руски летала, што Русија го негираше.

