Русија нуди преговори доколку Украина го признае поразот со конкретни барања

Москва е подготвена за преговори за Украина да го признае поразот , изјави денеска портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Според Песков, рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, фокусирајќи се на „гаранциите за неутрален статус“ и „ветувањето дека нема да има оружје на украинска територија“.

Тоа се условите, рече Песков, кои ќе овозможат постигнување на „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов го смета за „закана за безбедноста на руската држава и народ“.

„Претседателот ја формулираше својата визија за тоа што би очекувале од Украина за да ги решиме горливите проблеми. Тоа е неутрален статус и одбивање да се постават и користат системи за оружје“, рече Песков.

Песков додаде дека Путин е тој што ќе одреди кога би можеле да се одржат преговорите и додаде дека Русија ќе влезе во преговорите „само ако раководството на Украина е подготвено да разговара“.

„Сегашната операција има свои цели и тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и целите мора да се постигнат“, рече Песков, сугерирајќи дека доколку Киев се согласи со барањата на Путин, сегашната инвазија на Украина ќе биде запрена, објави РТ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*