Зеленски потврди: Секој Украинец кој е подготвен да се бори ќе добие оружје – затворениците излегуваат од затворите

Властите им делат оружје на сите граѓани кои се подготвени да ја бранат Украина. Треба да бидеме подготвени да ја поддржиме државата на плоштадите во градовите.

Ова го изјави претседателот Володимир Зеленски на брифинг, пренесуваат украинските медиуми.

„Националната солидарност е потпора на украинската државност денес. Но, таа не е единствената. граѓанин.Секој што има борбено искуство нека пристигне во соодветните собирни центри“, рече претседателот.

Тој повика на дарување крв за ранетите војници.

„Бидете подготвени да ја поддржите нашата држава на плоштадите во вашите градови. Ќе ги укинеме санкциите за сите граѓани на Украина кои се подготвени да ја бранат нашата држава со оружје во рацете како дел од територијалната одбрана“, додаде Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*