Ковачевски: Ја осудувам одлуката на Путин за признавање на Донецк и Луганск

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски преку својот Твитер профил ја осуди одлуката на Руската Федерација да ги признае регионите Донецк и Луганск во Украина како „Народни Републики“.

„Ја осудувам одлуката на Русија за признавање на Донецк и Луганск како самонаречени „Народни Републики“. Ваквиот чин е директен напад врз територијалниот суверенитет и интегритет на Украина и кршење на договорите од Минск и одлуките на Советот на ООН од 2015.  Заедно со НАТО сојузниците повикуваме на решавање на конфликтот по дипломатски пат.“ – напиша Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*