Починати лица „аплицирале“ на проекти за култура – министерката вели ќе има пријави

Министерката за култура Бисера Костадинова истакна дека во име на починати лица се аплицирани проекти од култура.

Таа додаде дека од над 3700 пријавени проекти по електронски пат, 2/3 имале технички пропусти.

Комисиите кои ги разгледувале проектите најавуваат санкции и отчет за лажните изјави, вели Костадинова.

Министерката вели дека приоритет во изборот ќе имаат проектите на млади лица, на лица со посебни потреби, лица кои претходно не се пријавувале како и тие кои опфаќаат мултикултурализам и родови прашања.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*