Новинар и политичар СЕ СТЕПАА СРЕД ЕМИСИЈА (ВИДЕО)

Новинарот Јури Бутусов и членот на Платформата за живот Нестор Шуфрич се степале за време на гостувањето во емисијата на Савик Шустер, „Слобода на говор“ во Украина.

Тепачката избила кога Шуфрич истакнал дека „Платформата за живот“ е втора најсилна во парламентот, како и дека „народот на Украина ја поддржува неговата партија “, на што Бутусов одговорил со обвинувања дека членовите на „Платформата“ се предавници обвинети за предавство и ширење руска пропаганда и наративи во Украина.

Шустер се обидел да ја смири ситуацијата велејќи дека „судот треба да одлучи дали некој е предавник“, но не успеал.

Само неколку моменти подоцна Бутусов долетал кон Шуфрич и го удрил во лицето, по што дошло до тепачка.

Кога ситуацијата малку се смирила, Шуфрич го напуштил студиото на неколку минути, а потоа се вратил и му рекол на ривалот дека е „обичен провокатор“, како и дека „се тепа како девојче“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*