Започнува 4-та сезона на кампањата „Ги запознаваме ретките болеси“ во февруари, месецот посветен на нив

На 28-от ден од месец февруари се одбележува меѓународниот ден за подигање на свеста за ретките болести. По тој повод, на првиот ден од следниот месец започнува четвртата сезона од националната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ во организација на Гордана Лолеска, Здружението „Ретко е да си редок“, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“.

Оваа година, со четвртата сезона, се заокружуваат точно 111 обработени дојагнози, во
насока на подобро запознавање на јавноста со ретките болести. Проектот е од информативно едукативен карактер на кој работат видни и афирмирани професори и доктори од целата држава, а за негово реализирање подготвени се соодветни текстови, видео и аудио записи за 28 нови ретки дијагнози при што ќе има запознавање со нови 28 ретки болести.

„Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 дена, и оваа година ќе се обидеме поблиску да Ве запознаеме со ретките болести. Со овој проект ќе се обидеме повторно да ја подигнеме јавната свест кај граѓаните, со цел да ги доближиме до нив проблемите и предизвиците со кои се соочуваат семејствата на лицата соретки болести, но и до јавноста и институциите. Иако се направени повеќе чекори од институциите за подобрување на квалитетот на здравствените услуги за овие пациенти, сепак има уште многу да се направи, а токму ваквите активности придонесуваат кон поттикнување на решенија за подобрување на квалитетот на животот на пациентите со ретки болести и нивните семејства. Кога некој се соочува со болест, целото семејство го носи товарот на таа болест. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите?…“, стои во највата за годинешната програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*