(ВИДЕО) Таткото на Ѓоковиќ: Новак не е во притвор, тој е во затвор – му одзедоа се има само телефон, 26 тенисери со иста дозвола немаат никаков проблем

Новак е Србија – Србија е Новак, и тоа не само Србија туку цел слободарски свет, вели таткото на Новак Ѓоковиќ на денешната прес конференција. тој најави дека денеска во 15:00 чласот во Белград се организира голем протест за тиранијата која се врши врз најдобриот светски рекет.

„Сакаат да го фрлат на колена. Но, нема да успеат. 26 тенисери пуштија без никаков проблем со иста таква дозвола. Новак им смета, вели таткото на Ѓоковиќ – Срѓан.

Инаку драмата со Новак Ѓоковиќ во Австралија продолжува, а од час во час добива и нови размери откако морал да интервенира и врвот на српската политчка сцена. Најдобриот тренисер на светот е заклучен во имиграциски притвор во хотелот „Ројал Парк“ заедно со азилнати од различни делови на планетата, а српското државно раководство се обидува да издејствува Србинот да биде префрлен во вила која ја има изнајмено за настапите на Австралија Опен.

https://www.facebook.com/watch/live/?ref=watch_permalink&v=1139807000157690&t=8

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*