Нокаут, Наум Петрески, Зуица Лазова: Ова е листата на пејачи кои ќе пеат на плоштад за Нова година

Градот Скопје ја објави програмата за новогодишната ноќ, што ќе се одбележи на плоштадот „Македонија“. Според објавеното, дочекот на Новата година ќе започне уште во 20:00 часот.

Од Градот информира дека три одговорни компании, се одважиле „во време на економска и енергетска криза, да придонесат за организацијата за свечениот дочек на Новата Година“.

-Со настап на домашни музички изведувачи, скопјани на плоштадот „Македонија“ ќе ја дочекаат Новата 2022 година.

Програма на 31.12.2021 година:

21:00-22:00 – Пука Козметика

22:10-23:10 – ДНК

23:20-00:20 – Нокаут

00:30-01:00 – Наум Петрески и Зуица Лазова

01:00-01:30 – ДЈ Славе, стои во соопштението од Градот Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*
*