Во однос на вакцинацијата, сметам дека е безмислено да се вакцинираат прележаните пациенти после само првиот и вториот месец од излекувањето на короната, како и малите деца, изјави вчера микробиологот д-р Никола Пановски за ТВ21.
Тој истакна дека во Македонија има неверојатен процент на починати.-Мене ме интересира што кај нас на 300, имаме 15 починати лица што е неверојатен, нечуен процент. Треба да се види што е, дали не ги фаќаме позитивните, затоа што во овие земји што ги кажувате смртноста е 0,1% и пред омикрон и сега, вели Пановски.
Микробилогот додава и дека ваквиот регион е специфичен кога се работи за наука и вакцини.
-Филмот „Исцелител“ е вистинска приказна. Луѓето многу повеќе веруваат во бајачки отколку во лекари. Таков е Балканот, се верува во такви луѓе дека ќе помогнат, оцени д-р Пановски.
