Миле Зечевиќ ќе биде нов генерален секретар, потврди новиот претседател на партијата Димитар Ковачевски.
–Тоа е единственото кадровско решение што можам да го потврдам, за се друго е уште рано да се говори – вели Ковачевски, за Фокус.
Тој додава дека при составувањето на новото партиско раководство, но и идната влада, ќе се запази принципот на континунитет, ќе има и има освежувања, а ќе се ценат и досегашните перформанси на функционерите.


