Димитар Ковачевски мора да се извини за лагата за неговото образование. Ковачевски не само што ги доведува во заблуда медиумите и јавноста, туку тој гази на многу сомнителни даски. Ова е профилот на Димитар Ковачевски на мрежата ЛинкдИн, социјална мрежа за бизнис и вработување, на која се оставаат своите професионални биографии во потрага за работа. Во самото заглавие на Ковачевски стои, „заменик министер за финансии, универзитетски професор“, па веднаш под тоа стои и наведен е „Харвард Бизнис училиште“, истакна портпаролот од ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

