На регоналниот пат во населбата Лескоец поточно кај маркетот на Тамаро Лесковчани се жалат дека тоа е црна точка во Лескоец а никој сеуште не презема ништо . за 10 години има близу 10 жртви на тоа место ,време е да се постават легнати полицијци.
На 03.12.2021 година во 16.30 часот, на мaгистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Лескоец, патничко возило „ауди А4“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 23 годишен маж, удрил во пешакот Д.Т.(68), двајцата од село Лескоец. На местото на несреќата починал пешакот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид. Увид извршија полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.