Докторка во Австрија е казнета поради ампутирање на погрешна нога на пациент во мај годинава.
На пациентот наместо левата му била отстранета десната нога, а грешката била откриена дури два дена подоцна.
Во средата судот во Линц ја прогласи за виновна 43-годишнната докторка за крајно невнимание и изрече парична казна од 2.700 евра.
На вдовицата на пациентот, која починал пред случајот да оди на суд, и биле досудени 5.000 евра отштета.
Грешката била забележана при рутинска промена на завој, а на пациентот му било кажано дека ќе мора да му ја ампутираат другата нога. Болницата тогаш соопштила дека грешката е направена „како резултат на низа несреќни околности“.
Директорот на прес-конференција јавно се извини.
Докторката пред судот изјави дека имало грешка во синџирот на команда во операционата сала.
На прашањето зошто ја обележала десната, а не левата нога, таа одговорила: „Едноставно не знам“. По несреќата почнала да работи во друга клиника.
Сепак, половина од казната и е укината.

