Филипче оди во историјата: Овој човек ќе го замени министерот за здравство?

Uncategorized

Извори на ТВ21 од партијата Алтернатива неофицијално велат дека Беким Сали би можел да го замени Венко Филипче во Министерството за здравство. Изворите велат дека наскоро се очекува конечен договор за ова прашање. Беким Сали за ТВ21 изјави дека не е лесно да се постигне договор бидејќи освен СДСМ, согласност мора да даде и ДУИ.

„Се уште сме во процес на преговори и не можам да дадам дефинитивна изјава бидејќи се може да се смени. „Да имавме само коалиција со СДСМ ќе беше полесно, но разговараме со нив, а тие треба да се координираат и со другите партнери што ги имаат во коалицијата во Владата“, изјави Беким Сали од Алтернатива за ТВ21.

Иако нема ништо официјално од партијата, извори велат дека лидерот на Алтернативата, Африм Гаши, ја побарал вицепремиерската функција од лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Од партијата ниту ја потврдуваат, ниту ја демантираат информацијата, додека велат дека се уште се во преговори и дека нема конкретна понуда.

Извор: ТВ 21

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *